
КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА СЕСТРИ (ИЦН)
МАЛТА 02-08 Мај, 2011
Конференциски Центар Медитеран - Валета, Малта
Конференцијата има за цел:
1. Да се унапреди и подобри покриеноста и квалитетот на здравствените услуги
2. Да се прикаже сестринскиот придонес во здравјето на поединците, семејствата и заедниците
3. Да се даде вистинска можност за размена на искуства и експертиза во рамките на меѓународната сестринска заедница и пошироко.
Сите заинтересирани колешки и колеги за учество на оваа конференција на која ќе се претстават трудови од областа на сестринството (предавања, постер презентации) ги известуваме за организирано одење и учествување на Меѓународната Конференција на ИЦН на Малта. Медицинските сестри и техничари како покренувачи на достапноста и квалитетот на здравствената нега и на здравјесто Во врска со дополнителни информации можете да се обратите во канцеларијата на ЗМСТАМ или на емаил адреса: zmstam@yahoo.com, а најдоцна до 12 април треба да пројавите интерес доколку планирате да одите на Конференцијата.
Одењето на Конференцијата е организирано преку Т.А Контики, од 1 до 6 мај, 2011. Се патува на релација Скопје-Белград со модерно опремен автобус, а потоа се лета Белград-Рим-Малта. Враќањето е на 6 мај. Одењето Скопје-Белград-Скопје со автобус е во интерес да се избегне предолгото чекање на аеродромот во Белград.
Свеченото отварање на Конференцијата е на 4 мај
Цена по лице е 619 EUR
Цената по лице вклучува:
• Автобуски превоз Скопје-Белград-Скопје
• Авионска карта Белград-Рим-Малта и назад
• Аеродромски такси
• Трансфер аеродром-хотел-аеродром (со водич)
• 5 ноќевања со појадок во двокреветна соба во хотел со 3* Bayview сместен на плажа во Силема
• 1 полудневен излет
|